Скопје во топ 3, ама по загаденост: Пред нас се само Кабул и Калкута

Кабул, Калкута, па Скопје. Ваков е распоредеот денеска на Светската листа на загадени градови (World AQI Ranking). Страната за мониторинг на загаденоста во светот утрово го рангира нашиот главен град на високото трето место на листата најзагадени градови. Загадувањето се однесува на присуство  на токсичните честички, ПМ 2.5.