Влатко Лозаноски со синот Марко / Фото: Приватна архива

ВИДЕО | Најголема поддршка: Сопругата на Лозано објави преслатко видео од синот Марко

Сопругата на Влатко Лозаноски – Лозано, Сава Грачанин, објави преслатко видео од нивниот син во кое го спомена и својот сопруг.

Малиот Марко, кој се роди на 18 октомври 2024 година, на видеото пее, а гордата мајка до него напишала: „Пробите за концертот се до касно навечер. Се гледаме кај тато на концерт в сабота“.

Лозано ќе одржи концерт на 7 март во Арената „Борис Трајковски“, а сопругата ова видео го објави како поддршка пред големиот настан.

„Со големо задоволство ви ги претставувам моите специјални и музички гости и пријатели кои ќе бидат дел од мојот концерт во сабота на 7 март.

Прекрасната Александра Јанева, мојот драг пријател Никола Перевски – Пере од групата „Нокаут“, но имаме и специјален гостин кој ќе биде изненадување за вечерта. Повторно и на овој концерт ќе ни гостуваат сјајните Александра Илиева на саксафон и Бока Конга на перкусии, а за првпат ќе ни се придружи и одличниот Виктор Ангелов на виолина“, најави Лозано на социјалните мрежи.

„Татковството е најодговорната, но и најубавата улога што сум ја имал досега. Те менува од корен, те учи на трпение, на безусловна љубов и на тоа да ги гледаш работите од поинаква перспектива. Секој ден е ново учење и, искрено, уживам во секој момент, без разлика дали е лесен или предизвикувачки. Се трудам да бидам присутен и вистински вклучен, затоа што верувам дека времето и вниманието се најголемиот подарок што можеш да му го дадеш на своето дете. Семејството ми е темел и сила и токму од таму црпам инспирација и рамнотежа во сè што правам“, рече Лозано во едно интервју за „Слободен печат“.

Лозано пред концертот на 7 март: Сите ќе си заминат со полни срца!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот