Лозано пред концертот на 7 март: Сите ќе си заминат со полни срца!
Влатко Лозаноски – Лозано вели дека е возбуден пред концертот на 7 март во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, кој ќе биде различен од претходиот што се одржа во 2019.
Препорачано
– Ме информираа дека салата е речиси полна и тоа најмногу ме радува – рече пејачот на денешната прес-конференција во Скопје.

Лозано најави дека на концерот ќе има многу гости и неколку дуети кои ќе се објават во наредните денови.
– На концертот ќе бидат и моите пријатели, мојот бенд, со кој секојдневно правиме проби. Има нови аранжмани на неколку мои стари песни и некои нови. Да го поздравам и танчарското студио „Бах“ од Струга, кои ќе играат на неколку песни и ќе биде едно така разиграно, растрчано шоу – најави пејачот.
На прес-конференцијата се прикажа и тизер од новата песна, која ќе излезе на почетокот на март.
– По овој концерт ќе продолжам со нови сили и ќе ми биде поттик за други концерти низ Македонија – додаде пејачот.

Тој ѝ се заблагодари на екипата која го снимаше претходниот спот за синглот „Купи ме“ и најави дека новиот спот ќе биде уште подобар.
– Ве очекува една романтична вечер со многу изненадувања – најави менаџерот Васко Спасоски.
– Работиме на нешто многу посебно и ново за мене, концерт што ќе спои добар звук, врвна сцена, движење и емоции. Ја замислуваме вечерта како претстава – рече претходно Лозано.


