ВИДЕО: Најдобрите македонски фудбалерки на последните три меча примија 30 голови

Македонија го претрпе шестиот пораз во квалификации за СП 2023/Фото: ФФМ

Во седмиот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 во Австралија и Нов Зеланд, денеска македонската женска сениорска репрезентација загуби со резултат 0:10 од Англија на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Тоа беше шести пораз за фудбалерките предводени од селекторот Кирил Изов во квалификациската група „Д“.

Во победничките редови Мид четирипати се запиша во листата на стрелците, Тун запиша три голови, два Станвеј, а еден беше дело на Вајт.

На табелата води Англија со 21 бод, пред Австрија која има 16, на третата позиција е Северна ирска со 13, по три Луксембург и Македонија, а последнопласирана е Летонија без бодови.

Следниот меч нашиот национален тим ќе го имаат на 12 април на гостински терен против Луксембург.

Македонија на последните три квалификациски мечеви за СП прими вкупно 30 голови, покрај денешните 10, на претходните две средби Северна Ирска вкупно 20 ја затресе нашата мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот