ВИДЕО: МЗТ имаше лошо второ полувреме против Морнар

„Металците“ рутински до триумф над Струмица во СЦ „Јане Сандански“/фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Големата доминација на противникот во скок-играта (24:38), како и неговата одлична шутерска вечер беа главните причина за поразот на МЗТ Скопје Аеродром во вечерашната пресметка на домашен терен против Морнар (77:94) во СЦ „Јане Сандански“ во својот шести натпревар во АБА лигата.

„Сино-белите“ одиграа одлично во првото полувреме, во кое најчесто бевме во водство, на моменти и со осум поени разлика (32:24), но ваквиот ритам не го одржаа и во продолжението. Црногорскиот тим заигра побрзо, нивните најдобри кошаркари, Расел и Михаиловиќ погодуваа во серија, што веќе во третата четвртина им донесе резултатски пресврт..

Гостите со серија 14:0 првпат дојдоа до двоцифрена предност, која потоа ја одржаа до крајот. Играчите на Александар Петровиќ се трудеа, пробуваа да се вратат во игра, но не дојдоа до посакуваната цел.

Крстевски со 22 поени беше најефикасен во МЗТ, а двоцифрен ефект имаа уште и Кефи со 14 поени и В. Стојановски со 13 поени. Михаиловиќ со 25 и Расел со 22 беа најпрецизни кај Морнар.

Следува еднонеделна пауза поради настапите на репрезентацијата на Македонија, додека следна јадранска обврска на „металците“ е гостувањето кај ФМП на 18 ноември во Белград, Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот