Утро/Артемис2 - Фото: Инстаграм/NASA

ВИДЕО | Музика за добро утро во вселената – овие песни ги будат астронаутите на патот околу Месечината

Посадата на мисијата „Артемис 2“ отиде подалеку од кој било човек претходно. Меѓутоа, покрај остварувањето на сериозните научни цели, оваа историска мисија има и своја поопуштена, човечка страна.

Заедно со омилената играчка „Rise“, која служи како индикатор за нулта гравитација, екипажот на „Артемис 2“ продолжи и една долгогодишна традиција на летовите на НАСА, песни за будење. Секое утро, Контролата на мисијата од Хјустон им испраќа на астронаутите краток исечок од песна за денот да им започне во позитивен ритам.

Досегашната музичка подлога на мисијата ја вклучи обработката на песната „Sleepyhead“ од „Јанг енд Сик“ за првиот ден, „Green Light“ на Џон Леџенд за вториот, како и „In a Daydream“ на групата „Фреди Џонс Бенд“ за третиот ден од летот.

Четвртиот ден астронаутите се будеа со „Pink Pony Club“, петтиот со „Working Class Heroes (Work)“ на Си Ло Грин, а шестиот ден од мисијата утрото им го честиташе песната „Good Morning“ од изведувачите Мандиса и ТобиМек.

Традиција која трае со децении

Обичајот за пуштање песни за будење датира уште од времето на програмата „Аполо“. Така, астронаутите на „Аполо 10“ се будеа со Френк Синатра и неговата „It’s Nice to Go Trav’ling“, додека посадата на „Аполо 15“ во новиот ден ја воведе познатата тема од филмот „2001: Одисеја во вселената“.

Традицијата продолжи и за време на програмата „Спејс шатл“, често со многу лични избори. На пример, за време на мисијата STS-134 во 2011 година, синот на пилотот Грег Џонсон ја избра песната „Drops of Jupiter“ за својот татко.

„Ја сакам таа песна и сакам да бидам во вселената“, одговори тогаш Џонсон, извинувајќи се што го пропушта роденденот на својот син. На истата мисија, италијанскиот астронаут Роберто Витори се будеше со песната „Il Mio Pensiero“ на пејачот Лигабуе.

Посебно трогателен момент се случил за време на последната мисија, STS-135, кога Мајкл Стајп од групата R.E.M. лично сними и испрати акапела верзија од песната „Man on the Moon“ за екипажот.

Пилотот на таа мисија, Даг Херли, исто така ги избра хитовите на Колдплеј, „Viva la Vida“ и „Don’t Panic“, за своите повици за будење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот