Кортни Кокс и Метју Пери во „Пријатели“ / Фото: Profimedia

ВИДЕО | „Морничава е“: По смртта на Метју Пери, обожавателите сакаат да се тргне една сцена од „Пријатели“

Поминаа девет месеци од смртта на американскиот актер Метју Пери, но неговите обожаватели и ден-денес ја гледаат легендарната комична серија „Пријатели“ („Friends“), во која актерот го глумеше ликот Чендлер Бинг.

Голем број фанови на „Пријатели“ сметаат дека една сцена од петтата епизода од седмата сезона треба целосно да се отстрани. Според нив, откако се дозна дека Пери починал како последица на земање кетамин и давење, оваа сцена е „ужасна и морничава“.

Да потсетиме, станува збор за сцена во која Моника Гелер, која ја играше актерката Кортни Кокс, и Чендлер Бинг имаат фотосесија за нивната свршувачка. Чендлер не знае да позира, поради што Моника се фрустрира и му вели: „Чендлер, што му е на твоето лице? Оваа фотосесија треба да ги прикаже Гелер и Бинг како идни младоженци, а не некоја локална жена која се обидува да спаси морон кој се дави“. Фотографот ја слуша нивната конверзација и почнува да се смее, на што Моника му одговара: „Еј, не му се смеј! Тоа е мојот морон кој се дави“.

„Оваа сцена порано ми го правеше денот, но денес ми е болно да ја гледам“, „Оваа шега ‘остаре’ како скапано млеко, а не добро вино“, „Ве молам, тргнете ја оваа сцена. Од денешна перспектива, шегата звучи толку погрешно“, „Покажете барем мала почит за Метју Пери и тргнете ја оваа сцена“, се дел од коментарите од оние кои сметаат дека сцената е несоодветна.

За потсетување, истрагата за смртта на актерот Метју Пери е при крај и полицијата верува дека треба да бидат обвинети повеќе луѓе, изјави полициски извор за списанието „Пипл“. Првично се мислеше дека неговата смрт е случајна, но извештајот од обдукцијата покажа дека тој починал од акутни ефекти на кетамин и давење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот