фото: скриншот/Икс

ВИДЕО | Морничав пожар утрово во Брисел, во лифт се пронајдени јагленосани тела

Околу 250 градежни работници биле во зградата и поставувале лифтови кога избувнал пожарот. Најмалку шестмина се водат како исчезнати, а бројот на мртви засега не е познат.

Неколку безживотни тела се пронајдени јагленосани по пожар во зграда во центарот на Брисел. Најверојатно телата биле пронајдени во лифт на зградата која била во фаза на реновирање. Според извештаите, пожарот е ставен под контрола, објавија странските медиуми.

Најмалку шестмина се водат како исчезнати, јавуваат медиумите во Белгија, повикувајќи се на локалните власти. Пристапот до другиот лифт бил првично блокиран, и не може да се исклучи дека внатре има уште тела.

Тројца се повредени, а уште двајца се однесени во болница со изгореници. На еден пожарникар му била пружена помош на местото на настанот поради топлотен удар.

Пламен избувна утрово во зградата „Окси“ на плоштадот Брукер во Брисел – точно во центарот на градот, во пешачка зона. Зградата има станови, ресторани и бар на покривот. Порано служела како административен центар на белгиската престолнина.

Пожарникарите биле повикани поради мал пожар на вториот кат од зградата, изјави портпаролот. Според канцеларијата на јавниот обвинител, околу 250 градежни работници биле внатре кога избувнал пожарот. Во зградата се поставувале лифтови. Пламенот се проширил низ отворот за лифтови до подрумот, што резултирало со голем пожар. Спасувачките екипи се првенствено фокусирани на пронаоѓање на луѓе заробени во отворите и во лифтовите.

„Двата лифта беа блокирани во двата отвори“, изјави портпаролот на канцеларијата на јавниот обвинител.

Причината за пожарот сè уште не е позната.

 

Грчки пензионер доби три години затвор — потпалил осило, предизвикал пожар со штета од 1.4 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот