Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ВИДЕО | Модриќ, Гвардиол и Далиќ му честитаа на новиот селектор Седлоски за функцијата

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, по преземањето на функцијата доби честитки од неколку светски фудбалски величини, меѓу кои од хрватските репрезентативци Лука Модриќ и Јошко Гвардиол, како и селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.

„За преземањето на функцијата селектор добив честитки од луѓе кои се светски величини и мои поранешни соиграчи, Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, селекторот Златко Далиќ и многу други. Тоа за мене е чест и дополнителна одговорност“, рече Седлоски.

Тој истакна дека, за разлика од одредени самопрогласени „величини“ кај нас (мислејќи на Игор Ангеловски), кои од суета не можат ниту да честитаат, неговиот фокус е исклучиво на успехот на репрезентацијата.

„Македонија е над секое име, над секоја лична фрустрација и над секоја суета“, додаде Седлоски.

ФОТО | Седлоски: Ова е голема чест и најголема одговорност во мојата кариера

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот