Промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ангеловски бесен на ФФМ: Изборот на селектор е несериозен!

Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално го претстави новиот селектор на македонската а репрезентација, Гоце Седлоски кој заедно со поранешниот селектор Игор Ангеловски-Мрме беа во „борба“ кој ќе ја добие довербата и ќе биде назначен за наследник на Благоја Милевски.

Поранешниот селектор кој со македонската репрезентација обезбеди Европско првенство во 2021 година, преку статус на фејсбук реагираше на изборот на управниот одбор да го назначи Седлоски за селектор.

„Селекторот Гоце Седловски ни риба ни девојка!

Несериозен пристап на раководството на ФФМ заедно со УО најпрво со селекторот Благоја Милевски, а сега и со изборот на новиот селектор Гоце Седловски за клучните натпревари за пласман на Светско првенство кој претставува НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ!

Комисија или одлука на УО на ФФМ сеедно е!

При избор на селектор треба да се има сериозен пристап. Таа функција не трпи пресметки како за избор на гувернер на национална банка на една држава каде се „регулираат парите во оптек”

Вие не правите разлика, важно е само личните интереси да Ви бидат задоволени. Ваков скандал колеги „мои” кои сте во комисијата и сакате да се амнестирате Ве молам да не ми се јавувате! Одважете се и излезете јавно! Сите сте докажани, реализирани фудбалски професионалци! Зошто дозволувате да бидете пандан зад кој се кријат „фудбалски стаорци”

После се што слушнав на денешниот семинар за тренери носители на про-лиценца кој се одржуваше во исто време кога беше промоција на новиот селектор во хотелот Хилтон и тоа од моите колеги кои беа во огромен број е причината да излезам јавно и да го изнесам мојот став.

Ако еден зборува тогаш или е до него или е до тебе. Ако двајца или повеќе зборуваат тогаш г. Омерагиќ треба да се замислиш.

Mакедонскиот фудбал ова не го заслужува!

Игор Ангеловски – поранешен селектор на Македонската Фудбалска Федерација кој заедно со целиот стручен штаб, играчите, техничкиот и медицинскиот персонал го постигна најголемиот историски успех во македонскиот фудбал – ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО“, напиша поранешниот селектор Ангеловски.

ФОТО | Седлоски: Ова е голема чест и најголема одговорност во мојата кариера

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот