Промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ФОТО | Седлоски: Ова е голема чест и најголема одговорност во мојата кариера

Како што и беше најавено, денеска се случи официјалната промоција на Гоце Седлоски за нов селектор на македонската А фудбалска репрезентација. На денешната прес-конференција се обратија претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, директорот на националните репрезентации, Горан Пандев и новиот селектор, Гоце Седлоски.

Договорот на Седлоски, кој воедно е тренер на фудбалскиот клуб Вардар, има договор на две години со можност соработката да биде продолжена на уште две.

Промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Му се заблагодарувам на Благоја Милевски за досегашниот ангажман и остварените резултати. Во фудбалот се случуваат промени и ние се одлучивме за нов селектор. Дојдовме до заклучок дека на националниот тим му е потребна нова енергија, за да ја оствариме целта, а тоа е пласман на Светското првенство 2026. Самиот влез во мундијалскиот плеј-оф секако претставува успех. Имавме свои шанси во квалификациите, но таков е фудбалот кој носи радости, но и разочарувања. Таков беше и резултатот во Велс и затоа донесовме одлука за промена.

Седлоски е најдоброто решение во моментов за репрезентацијата, ние баравме човек со „фајтерски карактер“, како што и тој беше на теренот како професионален фудбалер. Селекторот ќе одлучува околу самата игра како ќе ја поставува. Ние имаме наша визија, а на крајот ќе видиме дали тоа ќе даде резултат. Фокусот е кон полуфиналниот меч во плеј-офот против Данска. Тие кои не веруваат дека можеме да ја поминеме ова пречка, подобро да не се качуваат во авионот за ова гостување. Ние веруваме во репрезентативците, не одиме во Данска со бело знаме, нема да се предадеме, ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат – рече Омерагиќ.

Промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пандев, поранешен соиграч на Седлоски во А репрезентацијата, упатува честитки за именувањето на нов селектор:

– Го знам Седлоски многу години, игравме заедно, го знам како човек, како карактер. Верувам дека тој е најдобриот избор за репрезентацијата. На дуелот против Данска важно е да веруваме во нас. Мислам дека ова е најдобрата генерација која што сме ја имале. Данците се фаворити, но сигурно дека фудбалерите ќе го дадат максимумот на теренот, и се надеваме дека сите на крајот ќе се радуваме – се зборовите на Пандев.

Седлоски, оваа сезона со Вардар бележи одлични резултати, се наоѓа на првото место во шампионатот по есенскиот дел. Најавува дека четири или пет имиња од домашното првенство кои заслужуваат ќе се најдат во составот на националниот тим.

Промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Благодарност до ФФМ за укажаната доверба. Ова е голема чест и досега најголема одговорност во мојата кариера. Свесен сум за очекувањата и потенцијалот кој го има репрезентацијата. Целта ќе биде да изградиме систем на игра, тим што ќе се бори за секоја топка, што ќе стои цврсто до последната минута. Од играчите ќе барам храброст и желба на секој натпревар. Верувам во квалитетот на фудбалерите, во желбата на фудбалерите да го носат националниот дрес и достојно да се бранат боите на Македонија на највисоко ниво. Убеден сум дека ФФМ ќе ни обезбеди најдобри услови за работа, а со поддршката од Горан Пандев, Николче Новески, Агим Ибраими, Илија Најдоски, и сите околу репрезентацијата ќе се обидеме да направиме успех, нови позитивни моменти – рече Седлоски.

Во стручниот штаб на Седлоски ќе бидат Борче Христов и Ерхан Селими како прв, односно втор асистент. Тренер на голманите ќе биде Гого Јовчев, а се најавуваат уште двајца тренери како дел од тимот, кондициски и логистика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот