ВИДЕО: Младата македонска режисерка Ана Алексовска ги освојува филмските фестивали со „Господата од Современа“

Документарниот краткометражен филм „Господата од Современа“ на нашата режисерка Ана Алексовска, доби уште едно врвно признание, наградата бронзено јајце на Интернационалниот филмски и музички фестивал „Кустендорф“, што дигитално се одржа од 22 јануари до 25 јануари 2021 година.

Филмот особено ја заинтригира публиката поради тематиката која ја обработува, односно приказната за повозрасните љубители на уметноста, кои неуморно ги следат културните настани во Скопје, а воедно се осудувани дека доаѓаат исклучиво поради храната и пијалоците што се служат.

Алексовска на искрен и топол начин нѐ спои со главниот протагонист, која е системска жртва на транзицијата на Македонија во независна држава, и која како двократен технолошки вишок, се придружува на група ентузијасти кои своето секојдневие го кројат според културната програма на градот Скопје.

По онлајн проекцијата на „Господата од Современа“, збор зема и еминентниот Емир Кустурица, кој несомнено го пофали филмот и ја поттикна режисерката да развие долгометражен игран филм, базирајќи го на оваа приказна.

Филмот веќе освои неколку меѓународни награди, меѓу кои и главната на Московскиот фестивал на краткометражни филмови. Филмската екипа ја сочинуваат Владимир Димоски, Богољуб Милованоски, Бранко Аврамовски, Анџелика Апсис, Ѓорѓи Клинчаров, Марија Димитрова, Михаил Димитров, Сашко Поттер Мицевски како и кинематографот Самир Љума, кој стои зад најуспешниот македонски документарен филм, “Медена земја”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот