Друштвото на филмски работници за првпат ќе го предводи жена — продуцентката Марија Димитрова
На годишното редовно Собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), членовите со мнозинство гласови ја избраа познатата продуцентка Марија Димитрова за нова претседателка на организацијата со мандат од четири години. Во изборниот процес за претседател на ДФРМ се натпреваруваа двaјца кандидати. На Димитрова противкандидат ѝ беше Мартин Иванов, искусен филмски монтажер, кој низ …

