ВИДЕО: Митревски во трка за најдобар голман сезонава во Лигата на шампионите

никола митревски
Никола Митревски, голманот на португалскиот ракометен клуб Порто/ фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Вкупно шест голмани се номинирани за признанието најдобар голман на натпреварувачката сезона 2021/2022 во ЕХФ Лигата на шампионите.

Во трката се наоѓа и македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Никола Митревски кој ги брани боите на португалскиот клуб Порто.

Нашиот 36-годишен голман имаше одлични перформанси во дресот на Порто со кој успеа да стигне до осминафиналето во кое беше елиминиран од францускиот Монпелје (29:29, 27:35).

Покрај Митревски, фановите може да гласаат и за следните номинирани: Бењамин Буриќ, Андреас Волф, Никлас Ландин, Гонзало Перез де Варгас и Родриго Коралес.

Можете да гласате на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот