ВИДЕО: Митјиланд го шокираше Нотингем, Лион ремизираше на гости кај Селта

Данскиот клуб Митјиланд приреди изненадување во првите натпревари од осминафиналето во Лига Европа, откако на гостувањето кај Нотингем форест славеше минимална победа од 1-0.

И покрај очекувањата дека англискиот премиерлигаш ќе ја искористи предноста на домашниот терен, тимот не успеа да стигне до посакуваниот резултат. Фудбалерите на Нотингем Форест беа далеку поактивни во нападот и упатија дури 22 удари кон противничкиот гол, но без вистинска завршница.

Од друга страна, гостите од Данска не создадоа многу шанси, но успеаја да ја искористат една од ретките прилики. Во 80. минута Чо ја затресе мрежата по асистенцијата на Диао и му донесе важна победа на својот тим пред реваншот.

 

Возбудлив натпревар се одигра и во Виго, каде Селта и Лион ремизираа 1-1. Домаќините први стигнаа до водство во 25. минута кога стрелец беше Руеда.

Сепак, натпреварот доби поинаков тек на почетокот од второто полувреме. Борха Иглесијас заработи втор жолт картон, по што беше исклучен, оставајќи ја Селта со играч помалку. Францускиот состав го искористи тоа во самата завршница, кога Ендрик во 87. минута го израмни резултатот.

За реваншот на стадионот Жерлан, тренерот на Селта ќе има дополнителни проблеми, бидејќи покрај Иглесијас ќе недостасува и Оскар Мингеза, кој исто така ќе го пропушти дуелот поради акумулирани картони.

РЕЗУЛТАТИ
Селта – Лион 1-1
Ференцварош – Брага 2-0
Генк – Фрајбург 1-0
Нотингем Форест – Митјиланд 0-1

ВИДЕО: Астон вила подобра од Лил, италијанската пресметка во Лига Европа без победник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот