Астон Вила/ Aston Villa FC FB

ВИДЕО: Астон вила подобра од Лил, италијанската пресметка во Лига Европа без победник

Англискиот клуб Астон вила направи важен чекор кон четвртфиналето во Лига Европа, откако на гостински терен минимално го совлада Лил со 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето.

Екипата предводена од тренерот Унаи Емери уште еднаш покажа дека знае како да игра во европските натпреварувања. Победата во Франција дојде благодарение на погодокот на Оли Воткинс во 61. минута, кој ја искористи шансата и го постигна единствениот гол на средбата.

Во италијанската пресметка меѓу Болоња и Рома немаше победник, а дуелот заврши со резултат 1-1. По мирното прво полувреме без голови, возбудувањата дојдоа во продолжението. Федерико Бернардески во 50. минута донесе водство за домаќините, но тимот од Рим успеа да се врати во игра преку Лоренцо Пелегрини, кој во 71. минута го израмни резултатот.

Грчкиот Панатинаикос со минимални 1-0 го совлада Бетис. Одлучувачкиот момент се случи во 88. минута кога Таборда реализираше удар од белата точка и донесе голема радост за домашниот тим.

Победа на гости забележа и Порто, кој со 2-1 славеше на дуелот против Штутгарт. Сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме, Мофи и Мора обезбедија предност од 2-0 за португалскиот состав, додека Дениз Ундав успеа само да го намали поразот и да ги постави конечните 2-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот