ВИДЕО: Мирчевски ја најави победата на Бачка Топола

мирчевски
фото: facebook.com/fktsc

Фудбалерите на ТСЦ Бачка Топола во првото коло од шампионската група на српската Суперлига на гостински терен го совладаа Чукарички со 2:3.

Три важни бода за Бачка Топола во борбата за излез на меѓународната фудбалска сцена.

Првиот гол за гостите го реализираше македонскиот напаѓач Мартин Мирчевски со убав гол во 36 минута.

При резултат 2:2, во самиот финиш од средбата (90+3`) беше поставен конечниот епилог преку Ѓаковац кој беше двоен стрелец на овој меч.

За Мирчевски ова беше втор гол во дресот на Бачка Топола, првиот го имаше минатиот месец во ремито токму со Чукарички.

Во следното коло Чукарички ќе му гостуваат на Партизан, а ТСЦ ќе биде домаќин на Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот