ВИДЕО | Mиовски не запира: Постигна гол и против Ренџерс

Фото: Aberdeen FC/Twitter

Aбердин пет натпревари не знае за победа во шкотското првенство, но македонскиот напаѓач Бојан Миовски продолжува да постигнува голови. По голот во ремито против Селтик за викендот, Миовски вечерва погоди и против Ренџерс во поразот на неговиот тим од 2:1

Уште во седмата минута Ренџерс поведе преку Матондо за 1:0, а во завршницата Миовски одлично се избори со противникот и го матираше голманот Рос за изедначување на 1:1. За Миовски ова беше 13-ти гол во шкотската Премиер лига, а 20-ти вкупно сезонава.

На 20-тина минути пред крајот Кантвел го врати водството за Ренџерс, додека Стерлинг пред крајот заработи црвен картон, меѓутоа тоа не се покажа како доволно за Абердин да дојде барем до бод.

Во првенството на табелата Ренџерс и Селтик се на делба на првото место со по 58 бода, додека Абердин е деветти со 25.

Абердин го отпушти Бери Робсон, Миовски добива нов тренер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот