ВИДЕО | Министерката Стефоска за Конески: Секој негов збор истовремено е и порака и аманет, наша должност и наша обврска

Овој месец се навршуваат 100 години од раѓањето и 28 години од смртта на академик Блаже Конески/Фото: Министерство за култура

Министерката за култура Ирена Стефоска по повод 28-годишнина од смртта на академик Блаже Конески на својот Фејсбук профил сподели видео со стиховите на големиот македонски поет, писател, лингвист и преведувач од песната „Обврска“

Сфати ја со сета сериозност
оваа обврска,
уште посилна дека заемна:
и без да го знаеш досега тоа
ние сме се задолжиле да го чуваме
споменот еден за друг.
Ќе минат сите површни оддалечувања,
ќе дојде час на враќање
кон загубеното,
за да се згрее душата макар малце
на него,
како што исѕемнатиот ги грее рацете
На жив жар, под распретаната пепел.

-Секој негов збор истовремено е и порака и аманет, наша должност, наша обврска е да не заборавиме да ги пренесуваме на идните генерации како аманет кон нив, напиша Стефоска под стиховите на Конески. Овој месец се навршуваат и 100 години од неговото раѓање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот