ВИДЕО | Минисеријата „Мaid“ ги освои гледачите на Нетфликс, ја гледале преку 67 милиони корисници!

Maid scene/Printscreen/Twitter
Maid scene/Printscreen/Twitter

Новата серија на Нетфликс, „ Маid“; излезе пред околу дваесетина дена, а веќе влезе во категоријата на најгледаните минисерии на оваа платформа, пренесува Index.hr

Во приказната за „Мaid“, се работи за Алекс, која ја глуми Маргарет Квоули, млада мајка која бега од насилната врска и се вработува како домашна помошничка за да може да ја издржува својата ќерка Меди и да изгради подобар живот за нив двете. Минисеријата е креирана по мемоарите Maid: Hard Work, Low Pay and a Mother’s Will to Survive authorize, на Стефани Ленд, која одлучила да ја раскаже оваа вистинита приказна.

Првата епизода на Нетфликс беше објавена на 1 октомври, а според платформата, досега серијата ја гледале преку 67 милиони активни корисници. Огромниот број прегледи би можеле да ја засенат моментално водечката минисерија „Тhe Queen’s Gambit“  и да ја стават на второ место, ако земеме предвид дека Gambit во првите четири недели ја погледнаа 62 милиони корисници на Нетфликс.

Зошто е „Маid“ толку инспиративна и ги понесе сите гледачи?

Минисеријата ги освои срцата на обожавателите затоа што ја пренесува вистинската слика за сиромашните луѓе во Америка. А една од нив е ликот на Алекс, која храбро се бори за подобар живот и одново да ја „напише“ сопствената приказна.

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?