Мик Џегер / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Мик Џегер сака повторно на турнеја со „Ролинг стоунс“: „Едвај чекам“

Легендарниот музичар Мик Џегер откри дека се надева оти наскоро повторно ќе тргне на турнеја со бендот „Ролинг стоунс“. Во гостување на Би-би-си радио 2, заедно со колегата Рони Вуд, 82-годишниот Џегер изјави дека со нетрпение очекува повторно да настапува пред публика.

„Би сакал да одам на турнеја. Едвај чекам“, рече фронтменот на „Ролинг стоунс“.

Сепак, додаде дека тоа најверојатно нема да се случи оваа година.

„Не мислам дека ќе биде годинава, но се надевам дека ќе биде што е можно поскоро“, изјави Џегер.

Во меѓувреме, Рони Вуд неодамна ја започна својата прва солистичка турнеја по повеќе од 16 години, со настапи низ Велика Британија и Европа.

Последната турнеја на „Ролинг стоунс“ се одржа во 2024 година, како поддршка на албумот „Hackney Diamonds“, објавен во 2023 година.

За идните планови на бендот неодамна зборуваше и гитаристот Кит Ричардс.

„Можеме да разговараме за тоа следната година. Во моментов го завршивме албумот и сме фокусирани на тоа. Но, не мислам дека ќе има турнеја оваа година“, изјави Ричардс.

Џегер откри и што го одржува активен во деветтата деценија од животот.

„Треба да бидете во форма. Без разлика на возраста, мора да работите на тоа, а кога сте на мои години, мора навистина напорно да работите. Тоа се дисциплина и многу труд“, рече тој.

Во меѓувреме, „Ролинг стоунс“ се подготвуваат за објавување на новиот албум „Foreign Tongues“, кој ќе излезе на 10 јули. На албумот ќе гостуваат и музички ѕвезди како Пол Макартни, Роберт Смит и Чед Смит.

Зборувајќи за снимањето на новиот материјал, Џегер откри дека работата во студио била интензивна.

„Имавме 14 одлични песни и работевме најбрзо што можевме“, изјави тој.

Ричардс додаде дека најважно е што и понатаму уживаат во создавањето музика.

„За мене сè е во уживањето. Благословен сум што сè уште можам да го правам ова и се надевам дека ќе трае уште долго“, рече музичарот.

Легендите се враќаат — „Ролинг стоунс“ го открија насловот на новиот албум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот