ВИДЕО: Меси асистираше за триумф на ПСЖ, конечно деби на Рамос

Меси брилјираше во победата над Сент етјерн со три асистенции/ фото: EPA-EFE/Peter Powell

Фудбалерите на ПСЖ славеа со 1:3 на гостувањето кај Сент Етјен во рамки на 15 коло во Лига 1. Натпреварот го одбележаа двата гола на Маркињос, трите асистенции на Лионел Меси и дебито на Серхио Рамос.

ПСЖ постигна гол уште во петтата минута преку Нејмар, но судијата го поништи по консултација со ВАР собата поради офсајд. Потоа шанса имаше и Килијан Мбапе, но не успеа да го совлада голманот Грин. Казната за промашувањата стигна во 23 минута кога домашниот тим поведе со голот на Денис Буанга.
Работите за Сент Етјен се влошија откако Тимоте Колоџејчак во 45 минута доби црвен картон,  за во втората минута од судиското продолжение Маркињос да израмни на 1:1.

Во вториот дел, гостите доминираа на теренот, создаваа шанси, но долго чекаа на вториот гол. Тој „дојде“ во 79 минута кога во листата на стрелци се запиша Анхел ди Марија по новата асистенција на Меси.
Конечниот резултат го постави Маркињос по добро изведениот корнер на Меси.

Ова воедно беше прв натпревар за Серхио Рамос откако летово пристигна во ПСЖ. Поранешниот капитен на Реал Мадрид конечно се опорави од повредата и ги одигра сите 90. минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот