ВИДЕО: Мексиканскиот херој со сите почести го вратија дома, спасуваше во Турција, почина од студ

Кучето - спасувач од Мексико загина на 12.02.2023 во Турција/Фото: Твитер

Протео, деветгодишниот германски овчар и ѕвезда на мексиканскиот спасувачки тим, почина пред неколку дена додека трагаше по преживеани по разорните земјотреси во Турција.

Веста за смртта на германскиот овчар го растажи светот, а колку тој беше ценет и сакан говори и фактот што мексиканската војска го испрати со највисоки државни почести. Имено, мексиканската армија одржа комеморација во четвртокот откако го пречека телото на Протеа во Мексико и му оддаде почит на неговата служба, пишува „Јуроњуз“.

Протео тренира и работи како куче спасител уште од својата четиримесечна возраст. За време на неговиот живот, тој помагал во потрагата по катастрофи во Мексико, Хаити, Гватемала и Еквадор, а бил испратен во Турција токму поради неговите вештини и искуство. Поточно, во Турција, тој помогна да се спаси малолетник и да се извлечат 14 тела од урнатините, соопштија мексиканските власти.

Неговиот тренер и најдобар пријател Карлос Виледа Маркез изјави дека Протео починал во тешки услови и екстремен студ.

Пред само неколку дена, Виледа објави видео на „ТикТок“ на кое се гледа како припадниците на мексиканската војска и воздухопловните сили тагуваат по смртта на Протео.

– Ја исполнивте мисијата, ви благодариме за херојската работа. Сакам да ви кажам дека се гордеам со вас бидејќи отсекогаш сте биле силно и вредно куче кое никогаш не се откажувало. Сега треба да бидам благодарен што те имам – вели Виледа во видеото.

Социјалните мрежи ја поздравија неверојатната работа на Протео и побараа од мексиканските власти да му организират погреб на херој, што и беше направено.

„Се збогуваме со тебе, Протео! Сè што направи за нашата земја придонесе твоите постапки да бидат овековечени бидејќи твојата лојалност, храброст и вештина засекогаш ќе бидат запаметени“, објави мексиканската војска.

Поминаа 13 дена од разорните земјотреси во Турција и Сирија. И покрај некои од чудесните преживеани што го обиколија светот, бројот на жртви продолжува да расте и досега надминува 46.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот