ВИДЕО | Мејкап трик кој го применува и Дру Баримор: Вака нашминканите очи изгледаат неверојатно!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Овој трик ќе ви заштеди доста време…

Актерката Дру Баримор (46) откри еден трик кој често го користи, а благодарение на кој очите и изгледаат визуелно покрупни и посиметрични. Без оглед кој ефект сакате да го постигнете, овој трик добро ќе ви дојде.

Трикот е, како што вели Дру, да ставите ајлајнер на горната линија на окото кое е позатворено.

– Како што гледате едното око ми е позатворено од другото. Ставајќи ајлајнер на гораната линија, ќе направам моето око да изгледа поотворено и да биде симетрично со другото, изјави таа.

Не ја преминувајте линијата на трепките, со цел да изгледате поприродно. Истата постапка важи и доколку сакате вашите очи да изгледаат визуелно покрупно, само што во тој случај, ајлајнерот ќе го нанесете во целиот раб над двете очи.

– Ова е одличен трик и бидејќи моите очи со него изгледаат посиметрично, јас секогаш го употребувам, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore)

Видео на денот