ВИДЕО | Меѓународен конвој поддржан од Грета Тунберг се упати кон Куба
Меѓународен конвој за хуманитарна помош, кој се упатува кон Куба, поддржан од шведската активистка за климатски промени Грета Тунберг, се очекува да пристигне во Хавана на 21 март, според соопштението на организаторите на иницијативата.
Препорачано
Според соопштението добиено од агенцијата Франс Прес, првичната идеја за „Флотилата на слободата“ се трансформира, „како одговор на големиот поттик на глобалната солидарност во Куба“, во координиран конвој по воздушен, копнен и морски пат, кој ќе се собра во кубанската престолнина на 21 март.
El próximo 21 de marzo saldrá de varios puertos y aeropuertos una flotilla de ayuda humanitaria a Cuba, la Nuestra América Flotilla. @davidrkadler, uno de sus organizadores y participante de la expedición Global Sumud Flotilla a Gaza, nos cuenta cómo buscan romper el bloqueo… pic.twitter.com/BCcxaIHVMg
— AJ+Español (@ajplusespanol) February 18, 2026
Конвојот „Nuestra América“ („Наша Америка“), иницијатива на „меѓународен сојуз на движења, синдикаци, пратеници, хуманитарни организации и јавни личности“, ќе транспортира „храна, лекови, медицински материјали и основни добра“ на островот.
Куба, со население од 9,6 милиони, се соочува со сериозен недостиг на гориво и секојдневни прекини на електричната енергија со часови.
Ситуацијата се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела предводен од САД и заканата на Вашингтон да воведе дополнителни тарифи за земјите што продаваат нафта на Хавана.
Ставот на Грета Тунберг
Во соопштението, Грета Тунберг – која во 2025 година учествуваше во глобалната флота „Сумуд“, која се обиде да транспортира помош во Појасот Газа и покрај израелската поморска блокада – ја изразува својата поддршка за иницијативата, без да прецизира дали ќе учествува.
„Го поддржувам овој конвој за Куба, не само затоа што на нејзините луѓе им е потребна целата помош што конвојот може да ја испорача“, туку и затоа што „меѓународната солидарност е единствената сила доволно силна за да им се спротивстави на империјалните личности како (американскиот претседател Доналд) Трамп и (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху“, се вели во соопштението.
Од своја страна, американскиот прогресивен активист Дејвид Адлер, еден од организаторите, истакна дека иницијативата има иста цел како и флотилата за Газа: „да се пробие блокадата што предизвикува глад кај цивилното население“.
Истурила боја во Големиот канал: На Грета Тунберг ѝ е забранет влез во Венеција


