ВИДЕО | Меган Фокс му кажа „да“ на Машин Ган Гели: во бизарен стил, тие прославија пиејќи си ја нивната крв!

Машин Ган Кели и Меган Фокс
Машин Ган Кели и Меган Фокс

Контроверзниот пар Меган Фокс и Машин Ган Кели си дадоа завети на вечна љубов.

По година ипол врска, Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс, а како што и самите велат, прославиле во нивен стил, пиејќи си ја взаемно нивната крв. Пејачот ја побара актерката за жена со прстен специјално изработен за неа, украсен со смарагд и и дијамант во форма на срце.

Актерката сподели видео на својот инстаграм-профил со кое откри дека нејзиното момче ја побара за жена.

На видеото освен звуци на природата, се гледа само моментот на просидбата. Меган и Машин Ган стојат пред куќата каде наводно почнала нивната љубов, кога музичарот клекнува на колено и ѝ го покажува прстенот. Меган изненадено и среќно вели „ДА“ и се прегрнуваат и бакнуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Во описот на објавата стои:

„Во јули 2020та, седевме под ова дрво. Побаравме магија. Бевме несвесни за болката со која ќе се соочиме за толку краток, бурен периодо. Несвесни за работата и жртвите што оваа врска ќе ги побара од нас, но опиени од љубов. Некако, година ипол подоцна, откако заедно го поминавме пеколот и се смеевме повеќе од што мислев дека е можно, тој ме побара за жена. И исто како и во секој живот пред овој и тој што следи, јас реков ДА.

… и потоа ја пиевме нашата крв“

И музичарот потоа сподели видео на кое го покажува вереничкиот прстен на раката на Меган, кој бил специјално изработен по негова нарачка и со особено значење за неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by the Blonde Don (@machinegunkelly)

На објавата напиша:

„Да, во овој живот и секој нареден. Под истите гранки каде што се вљубивме, ја донесов и ја побара за жена. Знам дека традицијата е еден драгоцен камен, но јас сакав два. Смарагд – нејзиниот камен, и дијамант- мојот камен. Тие се поставени на два магнетни прстени кои се привлекуваат како две половини од истата душа, кое е всушност нашата љубов.

Меган пред неодамна официјално се разведе од Брајан Остин Грин, со кого беше речиси 10 години во брак и со кого има три синови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот