Фото: Социјални мрежи

ВИДЕО | Мечка шета кај Лазарополе

Млада мечка вчера е снимена во близина на селото Лазарополе, откако посетители кои се движеле во околината ја забележале во близина на патот што води кон селото. Снимката и фотографиите се објавени на фејсбук-страницата „Патувања.мк“.

Во објавата се упатува апел до сите кои се движат во овој предел да бидат внимателни доколку забележат мечка.

-Доколку забележите мечка, останете смирени и не се приближувајте. Не се обидувајте да ја храните и избегнувајте нагли движења. Најдобро е едноставно да ја игнорирате и да ѝ дозволите да продолжи по својот природен пат – се наведува во апелот.

На истата страница, пред два дена беше објавено дека голема мечка била снимена и во селото Горна Белица, на планината Јабланица. Таму животното било регистрирано од сигурносни камери поставени на куќи, при што се гледа како се движи низ дворови и покрај објекти.

На крајот на минатиот месец, кафеава мечка беше забележана и во селото Ростуше, каде што од видеоснимка објавена на социјалните мрежи се гледа како се движи низ паркинг-простор меѓу возила. По реакција на кучиња, мечката се оддалечува од местото.

Иако ваквите појави не се секојдневни, во изминатите години во западните делови од земјава беа регистрирани повеќе случаи на присуство на мечки во близина на населени места, како и неколку напади.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот