Фото: EPA-EFE/ADRIAN RUIZ HIERRO

ВИДЕО | Мбапе доби црвен картон на мечот против Алавес

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе го доби својот прв црвен картон во дресот на Реал Мадрид на натпреварот против Алавес во Ла Лига.

Мбапе имаше опасен старт врз играчот од средниот ред на домашниот тим, Антонио Бланко, кој добро помина со оглед можеше да си ја скрши ногата по стартот на францускиот напаѓач.

Судијата на овој натпревар, Цезар Сото Градо, првично му покажа жолт картон на Французинот, но откако го изгледаше ВАР видеото, ја промени својата одлука.

Тој го исклучи францускиот репрезентативец, кој со тоа го доби петтиот црвен картон во својата професионална кариера, а прв во дресот на Реал Мадрид.

Погледнете на видео записот како сето тоа изгледаше:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот