ВИДЕО | Масовен собир на илјадници Ирачани во Багдад давајќи поддршка за Палестинците во Газа

Ирачани во Багдад со поддршка за Палестинците / Фото: Murtadha J. A. Al-sudani / AFP / Profimedia

Илјадници Ирачани се собираат во Багдад за поддршка на Палестинците во Газа.

„Овој митинг има за цел да го осуди она што се случува во окупирана Палестина, крвопролевањето и кршењето на правата“, изјави Абу Кајан, еден од организаторите, за француски медиуми.

Тоа е само еден од неколкуте собири планирани за денеска ширум Блискиот Исток, откако високи претставници на Хамас и Хезболах ги повикаа луѓето да протестираат по петочната молитва.

Поранешниот лидер на Хамас Калед Мешал вчера ги повика луѓето „да одат на плоштади и отворени простори низ арапскиот и исламскиот свет“ за да искажат солидарност.

Денеска се очекуваат неколку вакви собири во Либан, Тунис и Јордан каде веќе има голем протест во момент кога во таа држава на посета е американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави Би-Би-Си.

Безбедносните сили, исто така, се подготвени за немири во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот