ВИДЕО: Марсеј го елиминираше ПСЖ од Купот на Франција – Малиновски со прекрасен гол на „Велодром“
Фудбалерите на Олимпик Марсеј го совладаа ПСЖ на својот „Велодром“ пред нешто над 65.000 гледачи со резултат 2:1 и се пласираа во четвртфиналето од Купот на Франција.
Препорачано
Првата шанса за игра ја имаше дефанзивецот на Париз, Нуно Мендеш во четвртата минута, а домашниот голман Пау Лопез одлично реагираше и го запре неговиот удар.
Домаќините го постигнаа првиот гол во 31 минута кога од пенал прецизен беше Алексис Санчез. Од примениот гол, париските „светци“ играа подобро. Меси се закани од слободен удар и Нејмар од далечина, топката ја погоди стативата по ударот на Бразилецот.
Следуваше израмнувањето непосредно пред паузата, Нејмар изведе корнер од левата страна и во шеснаесетникот непречен го пронајде Серхио Рамос, кој со одличен удар со глава постигна израмнувачки гол.
Моментот на одлука и „експлозија“ на „Велодром“ се случи во 57 минута кога стрелаше „бомбардерот“ Руслан Малиновски за поставување на конечниот епилог. Најдобрата шанса за израмнување ја имаше ПСЖ во 79 минута кога Нејмар го пронајде Меси, но ударот на Аргентинецот заврши покрај голот. ПСЖ постигна гол во 92 минута преку Рамос, но истиот беше поништен поради офсајд.
Во следната фаза се пласираа и екипите на Нант, Родез, Лион, Анеси, Тулуз и Гренобл. Последниот четвртфиналист ќе се дознае в четврток кога силите ќе ги одмерат Лориен и Ленс.


