ВИДЕО: Мароко постигна гол по неверојатната грешка на голманот Борјан

Канадскиот репрезентативен голман, Милан Борјан/фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

На натпреварот од групата „Ф“ на Светското првенство во Катар помеѓу репрезентациите на Канада и Мароко, поведоа Мароканците уште во четвртата минута со голот на Хаким Зијеш.

Тоа беше еден „подарок“ од канадскиот голман Милан Борјан кој не реагираше најдобро во намерата да ја отстрани опасноста.

Тоа го искористи Зијеш на кој не му беше тешко да ја затресе мрежата на Канаѓаните за водство од 1:0.

Африканската селекција во 23 минута ја зголеми предноста преку Ен Несири во 23 минута, а во 41 намали канадската репрезентација благодарение на автоголот на Агуерд.

Канада ги загуби шансите за пласман во осминафиналето, а со овој резултат мароканските фудбалери се на добар пат да обезбедат место во нокаут-фазата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот