ВИДЕО | Марија Шерифовиќ паднала на глава за време на снимањето на „Sвездите на Гранд“: Пејачката ја покажа модринката на лицето

Instagram
Instagram

Пејачката Марија Шерифовиќ им покажа на своите обожаватели како се снима музичкиот натпревар „Sвездите на Гранд, комплетните подготовките зад камерите во кое таа е еден од членовите на жирито.

Додека членовите на жирито и продукцијата се подготвуваа за новата епизода, Шерифовиќ снимаше сè со својата камера, па во кадар беа режисерот Саша Поповиќ, Мира Шкориќ, Јелена Карлеуша и Снежана Џуришиќ.

Снимките кои пејачката ги прави се дел од нејзините влогови на кои Марија ги започна за време на пандемијата, бидејќи сите настапи на музичарите ширум светот се одложени.

Потоа се обрати на видеото, велејќи дека за време на снимањето „паднала на глава“, а на нејзиниот образ може да се забележат две модринки.

„Снимањето траеше до доцна, мојот фотоапарат се исклучи. Синоќа паднав на глава. Имаше забави, но јас не пиев и паднав на глава“, изјавила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот