ВИДЕО | Манчини направи потег со кој ги налути Саудијците, па се извинуваше: Мислев дека натпреварот заврши

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN .

Италијанецот на клупата на Саудиска Арабија, Роберто Манчини против Јужна Кореја направи потег со кои ги налути навивачите.

Во пенал-рулетот од 1/8 финалето на Азиското првенство против Јужна Кореја, Манчини замина во соблекувалната уште пред серијата да заврши, а на крајот неговата селекција беше поразена.

Натпреварот заврши 1:1, додека Саудиска Арабија беше елиминирана по изведувањето на пенали со 4:2. Во соблекувалната Манчини замина по второто промашување на неговата екипа.

По натпреварот новинарите секако го запршаа за ваквиот потег. Манчини се извини и истакна дека заминувал во соблекувалната затоа што сметал дека натпреварот завршил.

„Се извинувам, мислев дека завршија пеналите. Тажен сум што примивме гол во последната минута и изгубивме на пенали. Не разбирам зошто судијата го продолжи натпреварот десет минути. Како екипа мораме да го подигнеме квалитетот, пред нас е многу работа“, изјави Манчини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот