ВИДЕО: „Мамба засекогаш“, Ѓоковиќ му оддаде почит на Коби Брајант

фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во Њујорк, САД, успеа да ја освои рекордната 24 грен слем титула.

Ѓоковиќ имаше одличен гест, му оддаде почит на починатиот познат американски НБА кошаркар на Лос Анџелес лејкерс и пријател Коби Брајант.

По освојувањето на титулата на „УС Опен“, Ѓоковиќ облече дрес со бројот „24“ и со порака: „Мамба засекогаш“.

Брајант во текот на професионалната кариера го носеше бројот „24“, бројот кој Коби го носеше на својот дрес во најславните денови во кариерата, а кој Србинот реши симболично да го обедини.

– Оваа маица…Размислував да ја направам пред седум дена, никому не му кажав, само ги замолив луѓето од тимот да ми помогнат. Коби ми беше близок пријател, зборувавме многу за победничкиот менталитет, како да се вратам по повредите и да бидеме на врвот на играта. Тој беше еден од луѓето на кои најмногу сметав, секогаш беше тука како поддршка. Бев погоден од неговата смрт. Го носеше бројот „24“ кога стана легенда на Лејкерси и светската кошарка, па вака на убав симболичен начин се сетив на него – рече Ѓоковиќ.

Откако ја облече маицата, Новак ја бакна и со рацете покажа кон небото. Коби Брајант загина на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа, при што загинаа уште осум лица, меѓу кои и Џана Брајант, ќерката на Коби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот