ФОТО+ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ ја освои 24 грен слем титула

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Русинот Данил Медведев во финалето на последниот грен слем турнир годинава, „УС Опен“ во Њујорк, САД, со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 6:3).

Ова е 24 грен слем титула за Ѓоковиќ и сега има две повеќе од Шпанецот Рафаел Надал, а четири од Рожер Федерер од Швајцарија. Ѓоковиќ по четврти пат го освојува „УС Опен“, претходно тоа му успеа во 2011, 2015 и 2018 година.

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

И покрај тоа што речиси цел свет „посака“ нова пресметка меѓу Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, во финалето гледавме реприза од 2021 година кога победи Русинот го спречи Србинот да го комплетира календарскиот гренслем.

По тој дуел Новак „врза“ четири триумфи против Данил, но последниот годинава го загуби во Дубаи. Меѓусебниот резултат е 9:5 за Ѓоковиќ.

фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Сега во Њујорк поведе во првиот сет со 6:3. Во вториот сет Русинот пружи многу поголем отпор, имаше повеќе долги размени на удари, аплаузи за убавината и упорноста на играта и играчите. И во тај брејкот кој го доби со 7:5, се најде на чекор до уште една титула на Грен слем турнирите. Во следниот период, Медведев побара медицински тајм-аут и масажа на рамото. Првите два сета траеја нешто повеќе од 2,5 часа игра.

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Третиот сет го покажа целиот раскош на играта на Новак. По три часа и 10 минути му се оствари сонот. И доби долг искрен аплауз од публиката. Медведев не можеше да му парира. Повеќе од заслужено и формално повторно е светски рекет број 1 – и ја продолжува својата доминација, 389 недели на врвот.

– Живеам за овие моменти и уживам во овој прекрасен спорт. Овој успех е успех на моето семејство, мојот тим и мојата земја. Видов дека имав шанса да бркам историја и реков – зошто да не – беше шампионскиот говор на Ѓоковиќ.

Пехарот му го врачи поранешниот американски тенисер, Енди Родик, легенда на овој спорт.

фото: EPA-EFE/WILL OLIVER
фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот