ВИДЕО: Македонецот блеска во Шкотска, Миовски двоен стрелец во триумфот над Хиберниан

Бојан Миовски му даде два гола на Хиберниан/фото: afc.co.uk

Македонскиот репрезентативец ја продолжува гол серијата во шкотската Премиер лига, денеска во 14 коло на домашен терен Абердин со 4:1 славеше против Хиберниан.

Непосредно предд паузата Бојан Миовски стрелаше прецизно од пенал за водство од 1:0. Голот можете да го погледнете ТУКА Нашиот играч ја зголеми предноста во 53 минута, Кларксон изведе корнер, а највисоко во шеснаесетникот скокна Миовски и со глава ја испрати топката во мрежата на Маршал.

Репрезентативниот напаѓач веќе има 10 погодоци сезонава во најсилното првенство на Шкотска.

За 3:0 на денешната средба на „Питодри“ стадионот се погрижи Албанецот Рамадани во 61 минута, намали Украинецот Кухаревич (69`), а Кларксон го постави конечниот епилог (77`).

Абердин е на третата позиција со 22 бодови, веднаш пред Хиберниан на четвртото место со 20. Водечки е Селтик со 33 бодови, пред Ренџерс кој има 29. Во следното коло на 8 ноември Абердин ќе му гостува на шестопласираниот Ливингстон, кој триумфираше со 2:3 на гостувањето кај Килмарнок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот