ВИДЕО: Мајсторија на Кваљарела, Хауге го спаси Милан во финишот

epa09113048 AC Milan?s Ante Rebic in action during the Italian serie A soccer match between AC Milan and Uc Sampdoria at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 3 April 2021. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан и Сампдорија одиграа нерешено 1:1 во денешниот натпревар од 29 коло во италијанската Серија А.

„Росонерите“ очигледно се откажуваат од Скудетото, моментно се второпласирани со 60 бодови, пет помалку од Интер, но „неро-аѕурите“ имаат два меча помалку, додека Сампдорија е на 10 позиција со 36 бодови.

Во второто полувреме гостите дојдоа со прекрасниот погодок на Фабио Кваљарела, искусниот напаѓач ја искористи грешката на Тео Ернандес и од околу 25 метри го лобуваше истрчаниот Џиџи Донарума.

Но, само 120 секунди подоцна Адријен Силва го доби и вториот жолт картон, Сампдорија остана со еден играч помалку, а домаќините тоа го искористија во 88 минута.

Стрелец на израмнувачкиот гол беше младиот Норвежанец кој не дозволи да биде поразен клубот од Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот