ВИДЕО: Маја од Петриња ја миеше косата за време на земјотресот, се спаси за „влакно“

Силните земјотреси што утрово ги погодија хрватските општини Сисак, Петриња и околината оставија големи штети. За среќа нема повредени.

Една од оние кои ја избегнаа вистинската трагедија е Маја од Петриња, која за малку ќе загинеше во сопствената бања. 

Првиот земјотрес ја разбуди и ја извлече од креветот, но таа помисли дека сè е готово, па отиде да ја измие косата пред да оди на работа.

„Ја миев косата над кадата кога започна вториот земјотрес, благодарение на брзите рефлекси, само се оттргнав кога бојлерот од 80 литри падна во кадата. За среќа, повеќе не бев на тоа место“, изјави Маја Руделиќ Задровиќ за дневникот на Нова телевизија.

„Велат дека мачката има девет животи, мене ми е доволен овој вториот“, додаде таа.

Командантот на противпожарната единица Сисак, Мирослав Голуб, вели дека утрово имало околу 300 пријави од граѓани, а на располагање имало околу 50 пожарникари, доброволци и професионални.

„Сите опасни места се санирани, сите опасни ситуации се направени. Ајде да продолжиме понатаму, а потоа местата што не се санирани, а кои се помалку опасни ќе бидат оградени. Сега сè е под контрола“, рече командантот и истакна дека нема потреба од дополнителна помош.

ВИДЕО | Нови снимки од земјотресот: Во Загреб и Сисак причинета материјална штета

„Веќе во првите минути, моите колеги, команданти од Загреб до Дарувар, ми ги ставија на располагање своите вработени и рекоа дека треба да ги контактираме само ако им треба нешто“, рече Голуб, истакнувајќи дека сега пожарникарите ги применуваат искуствата кои ги стекнале своите со земјотресот пред девет месеци.

Јелена Јованова Периќ се огласи по силниот земјотрес во Хрватска: За 60 секунди бев облечена и веќе надвор!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот