ВИДЕО: „Магијата“ против Барнли, Сон добитник на наградата „Пушкаш“!

Сон Хеунг-мин би нема да го пропушти Светското првенство во Катар/фото: EPA-EFE/Kirsty Wigglesworth

За најдобар гол во изминатата сезона 2019/2020, ФИФА го прогласи оној кој го реализираше фудбалерот на Тотенхем, Сон Хјунг-Мин.

Мајсторијата на јужнокорејскиот играч се случи на 7 декември 2019 година на натпреварот против Барнли.

Една долга соло акција започнувајќи на работ од неговиот шеснаесетник, со низа дриблинзи ослободувајќи се од скоро цела противничка екипа и постигна гол за голема радост на трибините.

Успеа во конкуренцијата за наградата „Пушкаш“ да ги победи Луис Суарез и Де Араскаета.

– Кога го постигнав голот, не бев свесен. Дури кога погледнав неколку пати после натпреварот, сфатив дека голот е фантастичен и дека е нешто посебно – рече Сон на ФИФА церемонијата за доделување на наградите „BEST“.

Нојер е најдобриот голман на светот во 2020 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот