ВИДЕО: Лукаку е херојот на „сините“, Челси за светската титула со Палмеираш

Челси во обид да ја освои првата светска клупска титула/Абу Даби, Обединети Арапски Емирати/9 февруари 2022/Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Фудбалерите на англискиот Челси се пласираа вечерва во финалето на Светското клупско првенство, откако во полуфиналето го совладаа Ал-Хилал од Саудиска Арабија со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол за лондонските „сини“ беше Ромелу Лукаку во 32. минута.

До единствениот трофеј кој му недостасува во клупската историја, Челси ќе се обиде да стигне во финалето во кое ќе се сретне со бразилскиот Палмеираш кој вчера со 2:0 беше подобар од Ал Ахли (Египет).

Клубот од Стемфорд Бриџ никогаш досега не ја освоил светската клупска титула, беше само еднаш финалист во 2012 година, од друга страна Палмеираш никогаш не бил во големото финале.

Претходно во борбата за петтото место Монтереј со 3:1 триумфираше над Ал Џазира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот