ВИДЕО | Луда забава на белградски сплав: Алесандра Амбросио воодушевена од турбофолкот и ракијата

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатата бразилска манекенка Алесандра Амбросио по одморот во Црна Гора за кој ги информираше сите свои следбеници, помина и неколку дена во Белград, Србија.

Познатата манекенка одлично се забавувала, а судејќи по фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи покрај црногорското море, уживала и во специјалитети од морски плодови, а како што открила пробала и ракија.

Алесандра престојувала во Белград со своето семејство, во луксузен хотел во центарот на Белград.

„Едвај чекам да ги пробам сите специјалитети. Пиев ракија во Црна Гора! Тоа е многу силен пијалак, но одличен! И народната музика ви е супер… Затоа и дојдов“, накратко рекла манекенката.

Во нејзините приказни на Инстаграм секојдневно се појавуваат познати белградски локации, а присуствувала и на роденденска забава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna de Vinca, Ph.D (@vesnadevinca)

Светски познатата манекенка синоќа во српската престолнина лудо се забавувала со Сека Алексиќ, Анастасија Ражнатовиќ, Нина Сеничар, Сања Папиќ

Бразилската убавица била гостинка на 40-тиот роденден на познатиот стилист Милан Благојевиќ и уживала во вино, ракија и народна музика!

Манекенката на забавата дошла во црн свечен фустан, а во еден момент го фатила микрофонот и запеала пред гостите.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Алесандра, по седум дена поминати во Будва и три дена во Белград, заминала со семејството во Лос Анџелес. Манекенката престојувала во хотел во центарот на градот, каде ноќевање чини 1.200 евра по лице. Била воодушевена од Белград и луѓето па на пријателите им рекла дека повторно ќе се врати во Србија, пишуваат српските медиуми.

ФОТО | Алесандра Амбросио за празниците во Бразил со момчето: Кој би рекол дека има 40 години?

ВИДЕО | Алесандра Амброзио воодушевена од Сека Алексиќ: Манекенката уживала на нејзин настап во Будва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот