ВИДЕО | ЛШ: Стрелците расположени, Атлетико и Шахтјор со пресврт до победа
Во рамките од второто коло од групната фаза од Лигата на шампионите се одиграа два натпревари во кои стрелците беа и тоа како ефикасни.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Атлетико Мадрид славеше победа со пресврт од 3:2. Хермосо си ја погоди сопствената мрежа уште во седмата минута, а четири минути подоцна Мората го израмни резултатот. Фејенорд по половина час игра одново дојде до предност. Стрелец на голот за 1:2 беше Ханцко.
Не дозволи Атлетико да оди со негатива на пауза, па Гризман во самата завршница од првиот дел ја погоди мрежата за изедначување.
Само што започна вториот дел Мората по вторпат се запиша во листата на стрелци за 3:2. До крајот видовме уште по некоја прилика и на двете страни, но резултатот не се промени.
Со ист резултат заврши и вториот натпревар во овој термин. Шахтјор во Белгија го победи Анттверп. Белгијците по само половина час игра водеше со 2:0, но во вториот дел Шахтјор постигна три гола за победа. Антверп во осмата минута од судиското продолжение имаше голема шанса да дојде до бод, но Адервилд не реализираше удар од белата точка.


