ВИДЕО | ЛШ плеј-оф: Галатасарај во одличен натпревар го победи Молде, Панатинаикос поразен во Португалија

Фото: EPA-EFE/Svein Ove Ekornesvag

Moлде и Галатасарај одиграа натпревар со пет гола во кој на крајот турскиот гигант славеше победа од 3:2 и тоа со гол во судиското продолжение.

Има за што да жали норвешкиот претставник бидејќи одигра добар натпревар на домашен терен, но на крајот откако не го искористи шансите беше поразен.

Од самиот старт Норвежаните тргнаа офанзивно, а тоа резултираше со гол на Елингсен уште во осмата минута.

Меѓутоа, Галатасарај во следните четири минути постигна два гола преку Серж Оливеира и Икарди за целосен пресврт. До изедначување Молде дојде по десетина минути игра во второто полувреме.

По изедначувањето, Молде тргна да напаѓа и создаде добри прилики, но изостана реализацијата. Победата за Галатасарај ја донесе Мидсјо во 93. минута.

Во останатите два натпревари Брага го победи Панатинаикос во Португалија со 2:1, а Макаби и Јанг Бојс одиграа 0:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот