ВИДЕО: Леверкузен одигра шампионски и во ефикасен натпревар славеше над Борусија Дортмунд

Фото: Bayer 04 Leverkusen

Aктуелниот шампион Баер Леверкузен ја продолжи победничката низа и на гости кај Борусија Дортмунд славеше победа од 2:3.

Избраниците на Чаби Алонсо со оваа победа се доближија на само еден од бод од лидерот Баерн Минхен, меѓутоа тимот предводен од Компани има натпревар помалку.

Шампионот отвори фуриозно и постигна два гола по само осум минути игра. Првиот го постигна Теља во првата минута, а седум минути подоцна Хинкапи му асистираше на Шик кој зголеми на 0:2.

Борусија веќе во 12. минута ја врати неизвесност со голот на Гитенс, меѓутоа брзо на спротивната страна возврати Шик за Леверкузен повторно да има предност од два гола (1:3).

Во второто полувреме со гол од пенал Гираси ги постави конечните 2:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот