ВИДЕО | Лени Кравиц целосно гол во новиот видеоспот: Со четири прста едвај го покрива меѓуножјето

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Познатиот музичар Лени Кравиц по долга пауза се враќа на музичката сцена и реши тоа да го направи со стил. Имено, тој го најави новиот видеоспот, во кој остава малку на имагинацијата на публиката, пишува „Дејли мејл“.

Музичарот, во краток тизер на својот инстаграм-профил, покажа дел од спотот за песната со наслов „TK421“, во кој повеќе открива, отколку што покрива на своето тело.

Во краткото видео, кое содржи фанки песна во духот на неговите најголеми хитови, Кравиц се појавува во неколку фази на голотија, па дури и целосно гол, во луксузна куќа украсена со многу мермер.

Во една од особено шокантните сцени, музичарот позира целосно гол, а со раката делумно го покрива своето меѓуножје. Кравиц стои гол, покажувајќи ги своите исклесани стомачни мускули и тетовиран бицепс. Тој ги прекрстува мускулестите раце и едната ја става преку препоните, а со само четири прста ги покрива неговите интимни делови.

Во продолжение погледнете го краткото видео од тизерот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот