Фото: Принтскрин/ Тикток

ВИДЕО | Лекарите не можеле да веруваат: Американец почнал да зборува странски јазик по операција на колено

Рутинската операција на колено се претворила во необична ситуација за Стивен Чејс од САД. По будењето од анестезија, деветнаесетгодишникот неочекувано почнал да зборува шпански, кој го учел само една година во училиште, на почетничко ниво. Лекарите и неговата сопруга биле зачудени од оваа случка, која и денес ги фасцинира стручњаците, пишува „Њуз минималист“.

Овој феномен е познат како синдром на странски акцент – ретко невролошко нарушување кое може да предизвика привремена промена на говорот или дури „префрлање“ на странски јазик. Иако звучи неверојатно, вакви случаи се забележани кај пациенти кои претрпеле трауматски повреди на мозокот, стресни ситуации или будење од анестезија.

Стивен не се сеќавал на настанот и сам бил збунет. Денес, на 33 години и како татко на тројца деца, тој раскажува дека во моментот кога почнал да зборува шпански бил целосно дезориентиран.

„Не се сеќавам дека зборував шпански, само памтам дека луѓето ме молеа да зборувам англиски“, рекол тој.

Неговото знаење на шпански било минимално – можел да брои до десет и да изговори неколку фрази.

Лекарите објаснуваат дека лицето со овој синдром не контролира кој јазик ќе го користи. Промената се јавува нагло и може да трае од неколку минути до неколку часа, по што говорот се враќа во нормала.

Стивеновото искуство се повторувало по секоја операција, што укажува на поврзаност со анестезијата и мозочните функции. Стручњаците сметаат дека честа изложеност на шпански јазик во текот на детството била клучен фактор.

„Мислам дека мојот мозок за време на операцијата ‘преминал’ на шпански поради средината во која растев. Иако како дете не го разбирав, постојано го слушав и мозокот всушност го запаметил“, објаснил Чејс, кој денес работи како адвокат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот