Џенифер Лопез / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Латино дивата „жари и пали“ на сцена: Џенифер Лопез танцуваше само по градник и танга

Латино дивата Џенифер Лопез привлекува внимание каде и да се појави. Ниту еден голем настан не може да помине без нејзино присуство, а со нејзините смели модни комбинации привлекува внимание и на социјалните мрежи.

Во текот на летото, таа беше зафатена со музичката турнеја „Up All Night“, а сега се подготвува за уште еден концерт во Лас Вегас, за кој имаше, па, можеме да кажеме, жешка најава.

На Инстаграм, таа објави видео од гореспоменатата турнеја, но овој пат не го привлекоа вниманието нејзините вокални способности, туку нејзината облека и жешките, но енергични танцови движења.

Како што можете да видите, таа носеше танга и градник со огнени детали, а целокупниот стајлинг ја истакнуваше нејзината одлична фигура.

– Се гледаме овој месец на „The JLo Show“ во Вегас. Која песна сакате да ја испеам? – напиша таа во описот на видеото.

Објавата се чини дека предизвика лавина од реакции и комплименти.

„Вегас е среќен што те гледа повторно“; „Премногу си убава“; „Жено, толку си секси“, се само дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот