Фото: Фејсбук/Гинисова книга на рекорди

ВИДЕО | Ози влезе во Гинисовата книга на рекорди како куче со најдолг јазик на светот

Мешанецот-мастиф Ози од Оклахома е официјално запишан во Гинисовата книга на рекорди како куче со најдолг јазик на светот. Четиригодишниот Ози има јазик долг 19,9 сантиметри, со што го надмина претходниот рекордер Роки од Илиноис, чиј јазик изнесуваше 14,33 сантиметри.

Должината на јазикот, како што објаснуваат од Гинис, се мери од врвот на муцката до самото крајче на јазикот.

Сопственичката на Ози, Анџела Пик, вели дека овој необичен рекорд не му создава никакви здравствени проблеми.

„Отсекогаш му висел јазикот, уште од раѓање, но медицински е сè во ред. Ветеринарите го проверуваа повеќе пати – нема проблеми со забите, едноставно е чудно долг“, изјави таа.


Ќерката на Анџела, Микинсли, го нарекува Ози своето „златно дете“.

„Обожавам што му го разубавува денот на секој што ќе го види. Многу ми е драго што сите го сакаат моето куче“, раскажа таа.

Интересно, Ози го добил името по рок-легендата Ози Озборн, бидејќи сопругот и синот на Пик се големи фанови на неговата музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот