ВИДЕО: Куче заглавено во наноси од кал во тетовско Непроштено кои ги донесе Шара по големото невремето, неговата упорност сепак на крај победува
При денешната посета на поплавените тетовски села Непроштено и Теарце „Слободен печат“, во целиот тој хаос на поплавени домови и уништена инфраструктура со камерата регистрираше и едно куче, кое беше заглавено во калта на спортскиот терен во Непроштено, каде освен кал имаше и големи наноси од камења и песок, кои вчера по силниот дожд и ерозивните процеси од Шара се спуштија во тетовските села.
Препорачано
Кучето е заглавено во калта, се бори со своите чекори да излезе оттаму. Неговата упорност сепак на крај победува и се искачува на блиската улица над спортскиот терен.
Мештаните од тетовските села Непроштено, Лешок и Теарце денеска ги пребројуваа, но и санираа штетите од синоќешното невреме, кое го зафати овој дел на тетовско.
Како што се гледа на видеото, има многу поплавени домови, оштетена пред се патна инфраструктура, а на улиците и другите јавни површини има кал до колена.
Постарите жители велат дека не паметат вакво невреме уште од 1963 година, кога Долни полог беше буквално под вода.


