ВИДЕО | „Крвава“ кукла била оставена пред канцеларијата на малтретираната студентка од Белград
Студентите во блокадата на Земјоделскиот факултет во Белград денеска на својот официјален профил на Инстаграм објавија изјава во врска со нивната колешка која, како што претходно тврдеа, била малтретирана во полициска станица, објави Нова.
Препорачано
Тие објавија вознемирувачка фотографија од „крвава“ кукла во најлонска кеса, која, според нив, студентката ја добила на своето работно место.
„На 25 септември 2025 година, колешка ни кажа дека пронашла глава од кукла обоена во црвена боја во близина на нејзиното работно место, по што стравот и вознемиреноста на колешката се зголемија. Покрај тој настан, колешката ни се пожали дека постојано добивала повици од скриен број што дополнително ја вознемирувало“, изјавија тие.
Студентите истакнаа дека трите соопштенија на српското Министерство за внатрешни работи од 14 октомври, во која беше објавен идентитетот на студентката, ја загрозиле безбедноста на нивната колешка и предизвикале постојано вознемирување и закани преку социјалните мрежи, кои биле насочени кон неа и нејзиното семејство.
„Таа се пожали дека постојано добива повици од скриен број што дополнително ја вознемирува. На 2 октомври, колешката, видливо вознемирена со кеса околу вратот и искината облека, втрчала во зградата на факултетот, барајќи од присутните колеги да ја заклучат зградата за нејзина безбедност. Неколку часа претходно, според нејзините зборови, две непознати лица ѝ ставиле кеса на лицето и насилно ја фрлиле во автомобилот. Таа вели дека несоодветно ја допирале, ја удирале и ѝ покажувале слики од нејзините колеги од други факултети и средни училишта. Од тој ден добива континуирана психолошка и правна поддршка“, велат тие.
View this post on Instagram


